Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на трагично починатата 21 годишна девојка, кое покажа колку е цврсто во болката. Овие големи луѓе во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце, бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.
„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило.Семејството на девојката е неутешно и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари - велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот