Семејството прозборе: Еве што мислат блиските на Теодосиќ за ќерката на Цеца и за нивната врска
Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Анастасија Ражнатовиќ и кошаркарот Милош Теодосиќ се во врска. Додека тие двајца се прилично таинствени во однос на нивната романса, се чини дека на семејствата тоа им оди малку потешко, посебно на бабата на Милош.
Божидарка Трифуновиќ, бабата на капитенот на српската кошаркарска репрезентација, е многу среќна поради врската на внукот. Таа долго време сакала да се пофали со снаа, но Милош ѝ рекол да не раскажува многу за врската.
- Од весниците ја дознав целата приказна. Милош е многу среќен, а снаата е многу убава. Не можам ништо повеќе да ви кажам бидејќи Милош ми забрани да зборувам за неговиот љубовен живот - изјавила за српските медиуми Божидарка, а потоа продолжила да раскажува.
- Знаете, Милош секогаш ме посетува кога има време за тоа. Секогаш кога е во Ваљево престојува во мојата куќа. Сепак, не ми зборува многу за девојки, па така и овој пат не навлегуваше во детали - раскажала бабата на кошаркарот кој во моментов настапува за ЦСКА Москва.
- Ретко ме посетува поради професионалните обврски. Можеби еднаш или двапати годишно доаѓа кај мене кога ќе му се укаже можност. Јас сум горда на него и ги собирам сите статии што за него ќе се појават во весниците - изјавила Божидарка за Ало.рс.
Да потсетиме, ќерката на Цеца и спортскиот заводник наводно се во врска два месеца, а последна посета на Анастасија на Русија била со цел да се види со Милош.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците