Балкан
18. April 2016 - 10:05

Семејството на пејачката на Гранд Јелена Крсмановиќ донесе чудна одлука по нејзината смрт

 
 
 
Семејството на пејачката на Гранд Јелена Крсмановиќ донесе чудна одлука по нејзината смрт. Како што пишува српскиот Блиц, сопругот на пејачката која брутално беше убиена пред 15-на дена, нема да биде закопан до неа.
 
Невообичаено е тоа што семејството купило едно гробно место иако на овој дел има парцели со по две гробни места за сопружниците. Причината ја знае само семејството но е чудна со оглед на околностите во кои беше убиена Јелена.
 
- Кога ќе почине еден сопружник логично е да се купат две гробни места. Тоа е секако за брачните другари да продолжат да живеат заедно и на другиот свет. Невообичаено е што по смртта тие купија само едно гробно место. Како Зоран да не сака да го погребаат и да почива во мир до саканата. А можеби желбата му била и неговиот ковчег да биде на нејзиниот, вели извор.
 
На гробот на Јелена има исушени цвеќиња. Сопругот викендов запали свеќа.