Семејството на Астори по два месеци се заблагодари на поддршката
Италија и Фиорентина пред два месеци го загубија својот репрезентативец Давиде Астори. Дефанзивецот почина во хотелската соба на 4.март, пред првенствениот дуел со Удинезе во Удине.
Кобниот ден Фиорентина требаша да игра против Удинезе, на доручекот сомнително на сите им било отсуството на капитенот. Кога влегле во неговата соба лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Од трагичната смрт поминаа два месеци, а неговото смејство прв пат реши да се огласи во јавноста.
Астори зад себе ја остави сопругата Франческа и двегодишната ќерка Виторија.
„Ви благодариме. Ова е кратко и едноставно исто каков што беше Давиде. Сакаме да им се заблагодариме на сите што беа со нас по тој кобен 4.март. Решивме тоа да го направиме едноставно и со насмевка, така тоа го правеше и Давиде. Од срце во благодариме. Семејството на Астори. Франческа и Виторија“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата