Живот
6. December 2018 - 12:27

Семејството го крие далеку од очите на јавноста, но сите зборуваат за нејзината ќерка- Повредена миленичката на Колинда

Ќерката на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ нема да учествува на натпреварот по уметничко лизгање „Златна пируета“ поради повреда.

Како што пишува „Вечерни лист“ се работи за повреда на грбот, а нејзиниот тренер изјавил дека тоа е стара претходна повреда и не се знае колку ќе трае нејзината пауза.

Сепак сезоната за неа не е завршена, пренесува „Вечерни лист“.

Китаровиќ требаше да ја претставува својата земја на натпреварот кој е еден од најстарите во Европа, во категоријата јуниори.

И минатата година таа се претстави на ИСУ Гранд При во уметничко лизгање во Загреб, а на трибините ја бодреа родителите.