Македонија
27. April 2019 - 16:35

Семејството Димитрови верни на традицијата

Прв Велигден за Надија. За семејството Димитров овогодинешниот Велигден е најбогат досега. Тие крај трпезата ќе стават уште едно столче за седуммесечното бебенце.

Семејството традиционално, денешниот ден го поминува подготвуваќи ги јајцата, обележје на најголемиот Христијански празник.

Традицијата се одржува во ова семејство. Велат дека секоја година се обидуваат да подготват храна што е карактеристична за овој празник.

Виолета ни раскажа како било порано и како тие сега го празнуваат овој празник. Вообичаено е, вели, за Велигден семејството да се збере заедно, на едно место.

Токму како што нè пречека, така и нè испрати, насмеана и весела. Надија е симбол за радост и среќа, токму тоа што сите си го посакуваме за Велигден.