Џет-Сет
7. јуни 2016 - 10:55

Семејството Бекам ужива на одмор во Грција

Семејството Бекам моментно се наоѓа на семеен одмор во Грција, од каде неговите членови редовно објавуваат фотографии на Инстаграм.

И покрај тоа што се големи ѕвезди, на плажа Бекамови не се разликуваат по ништо од другите семејства.

Додека таткото со децата стои и позира во вода, мајката со телефонот се обидува да направи совршен момент на слика.

- Ја сакаме Грција, напиша Викторија покрај една од фотографиите на својот Инстаграм.

Викторија и Дејвид се во брак се речиси 17 години и имаат четири деца: синовите Бруклин (17), Ромео (13) и Круз (11) и ќерката Харпер (4).

Семејството неодамна престојуваше во Мексико каде присуствуваа на венчавката на Ева Лонгорија и Хозе Антонио Бастон.