Македонија
21. March 2017 - 14:10

Семејство од Струга остана без куќа

Изгоре куќа во струшкото село Делогожда. 

- Вчера околу 13.00 часот во с.Делогожда, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Н.Д..  Увидна екипа од НК КР Струга извршила увид, при што е констатирано дека пожарот настанал во просторијата за дневен престој по што се проширил и во останатите простори од домот, во кои целосно се изгорени покуќнината, мебелот и техничките апарати, соопштуваат од полицијата. 

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.