Македонија
25. January 2018 - 13:16

Семејство од Скопје трага по својот малолетен син

Семејство од Скопје бара помош, веќе трет ден го бара својот син. 
 
Шабан Лимановски роден 2002 година исчезнал во вторникот околу 8 часот наутро во Топана. Облечен е во сина маичка и жолти тренерки.
 
Се работи за болно дете, доколку имате било каква информација пријавете во најблиската полициска станица.