-->
-->
Семејство од Штип погодено од ураганот, Ирма им го однесе домот на Шутеви на Карибите
-->
Штипјанката Билјана Шутева заедно со нејзиното семејство остана без дом откако ураганот Ирма ја урнал зградата во која живееле во Филисбург на Холандските антили на Карибскиот архипелаг.
Нејзиниот чичко Ангел Шутев од Штип изјави дека тие во моментот се згрижени во импровизирано прифатилиште и оти роднините бараат начин како да им помогнат кога ќе се отвори аеродромот за да се вратат во Штип.
- Ветрот кој дувал 290 километри на час им ја урнал зградата. За среќа таа, нејзиниот едногодишен син, сопругот, но и нејзините родители и сестра, кои биле кај нив на гости, биле засолнети во подрумскиот дел од зградата, изјави Шутев.
Тој додаде дека разговарале со Билјана која ги информирала дека се живи и здрави, но оти ураганот им уништил се.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море