-->
-->
Семејство од Прилеп ограбено додека берело тутун
-->
Т.Н. (48) од Прилеп вчера во 9.20 часот во Полициската станица Прилеп пријавил дека истиот ден во периодот од 3.45 до 9.15 часот, додека со неговата сопруга и двете ќерки бил на берење тутун во село Заполжани, непознат сторител извршил кражба во неговиот дом.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од спалната соба одзел 1.500 евра и 440.000 денари по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница