Македонија
11. August 2016 - 13:37

Семејство од Прилеп ограбено додека берело тутун

Т.Н. (48) од Прилеп вчера во 9.20 часот во Полициската станица Прилеп пријавил дека истиот ден во периодот од 3.45 до 9.15 часот, додека со неговата сопруга и двете ќерки бил на берење тутун во село Заполжани, непознат сторител извршил кражба во неговиот дом.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од спалната соба одзел 1.500 евра и 440.000 денари по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.