-->
-->
Семејство од Берово преку ноќ остана без покрив на главата - пожарот избувнал додека сите спиеле
-->
Во неделата гореше семејна куќа во Берово, за среќа во пожарот нема повредени. Како што информираат од полицијата во неделата околу 02.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во куќата сопственост на З.М.(56) во село Русиново, беровско, во моментот кога спиеле членови на неговото семејство. Повредени лица нема, а од пожарот куќата целосно изгорела. Пожарот, со помош на соседите, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово и увид извршиле увидна екипа од ПОлициската станица Берово и инспектор за пожари од Дирекцијата за заштита и спасување – Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани