Македонија
20. September 2020 - 19:39

Семејство на пациент го нападнал дежурниот лекар на Токсикологија – Повредениот завршил на Ургентен!

Попладнево бил нападнат дежурниот лекар на Токсикологија кој завршил со неколку хематоми и расекотини по телото. Причина за нападот според информациите што ги добивме биле банални – На родителот му било кажано дека детето што го носел на преглед било под 14 години и го упатиле на Педијатрија. По таквиот одговор дошло до напад на лекарот, кој морал да побара помош во Ургентен. Оттаму не информираа дека на лекарот му направиле КТ на глава и констатирале површен хематом кај окото, еден кај подлактицата и расекотини. По прегледот колегата го пуштиле дома.

 

Сања Димитровска