Македонија
2. July 2017 - 16:27

Семејствата на лицата со интелектуална попреченост бараат поголема поддршка од државата

Подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, како и отстранување на бројните проблеми со кои тие се соочуваат бараат родителите.

Охриѓанката Орхидеја Топенчарова која има ќерка на 35 годишна возраст вели дека тие како биолошки родители се чувствуваат  обесправени, децата со посебни потреби згрижени во туѓи семејства добиваат повисок надоместок од државата отколку во своите домови и покрај тоа што тие се принудени  еден родител да биде дома, за да го гледа детето, а другиот родител да може да оствари работен однос.

Топенчарова смета дека овие деца во семејства зазгрижување , се земаат за интерес а не од љубов.

Инаку дневниот центар Зраци кој функционира околу 15 години е единствената светла точка и втор дом за социјализација на лицата со пречки во интелектуалниот развој во Охрид.Тој во голема мера ја олеснува обврската на семејствата околу чувањето на овие лица.