Македонија
28. October 2018 - 15:36

Семејно насилство во Куманово: Ја претпал сопругата, па подоцна и својот малолетен син

Семејно насилство во Куманово, маж прво ја нападнал својата сопруга па потоа и малолетниот син. Како што стои во билтенот на МВР, утринава во 01,50 часот во Полициската станица во Куманово, Р.Т. (35) од кумановско, пријавила дека истиот ден околу 00,10 часот во семејната куќа била физички нападната од сопругот Ј.Т., кој според пријавеното, потоа го нападнал и малолетниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.