Македонија
1. September 2016 - 13:49

Семејно насилство во Битола: Син го претепал таткото, маж сопругата

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 29.07.2016 година околу 21.45 часот во семејниот дом пријавениот со употреба на сила, со раце и тупаници, му нанел телесни повреди по главата и телото на неговиот татко И.С. (56).

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.И. (45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела„телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 18.06.2016 година околу 06.30 часот  во семејниот дом во Битола, откако пријавениот се довел во алкохолизирана состојба, упатил серизони закани по живот на неговата сопруга Д.В. (38), по што физички ја нападнал удирајќи ја со раце во пределот на главата при што и нанел телесни повреди.