Македонија
10. April 2018 - 14:24

Семејно насилство на Велигден - маж си ја претепа сопругата

Семејно насилство ги потресе жителите на Гостивар, 32-годишен маж ја претепал својата сопруга. Како што информираат од полицијата, вчера околу 14.30 часот, И.М. (30) од Гостивар пријавила дека физички била нападната од нејзиниот сопруг Б.М. (32), со кого подолго време имале нарушени односи. Кога тргнала кај нејзините родители, телефонски и се јавил нејзиниот сопруг за да се врати дома.По кратка расправија, Б.М. со тупаница ја удрил по лицето, а физички го нападнал и татко и, при што го турнал и му нанел повреди. Б.М. бил лишен бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.