Балкан
24. February 2016 - 12:12

Семејно насилство: Бремената жена ја сечел по телото и рацете среде амбуланта

Бремената A. M. M. (31) од Темерин минатата ноќ, пред очите на вработените во здравствената амбуланта во Бачко Градиште, се здобила со полесни повреди од нож по телото и рацете.

Драмата траела десетина минути и продолжила на улицата пред аптеката, каде бремената А.М.М. од страв се обидела да побегне, а повредите со нож и ги нанел 31- годишниот Р.Т. од околината на Бечеј со кого била во емотивна врска.

Насилникот по нападот побегнал во непознат правец. Но набрзо е уапсен, одведен на сослушување, и одреден му е притвор од 48 часа.

A. M. M. со возило на Брза помош е префрлена во Ургентниот центар во Нови Сад, од каде по укажаната медицинска помош е пуштена на домашно лекување.

Полицијaта овој инцидент го оцени како обид за убиство.