Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама пред судот во Менхетен
– Семејната комапнија на Доналд Трамп „Организацијата Трамп“ (Trump Organization), вчера од судот во Менхетен, во Њујорк, беше прогласена за виновна за проневера и даночна измама, по судењето што не го вклучи и поранешниот републикански претседател, јавија американските медиуми.
-Ова е првпат семејна комапнија, во која се вклучени клубови за голф, луксузни хотели и агенции за недвижности да биде осудена во кривична постапка, изјави главниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, во соопштението за печатот.
Иако на Трамп не му беше судено лично и иако казната беше релативно мала во споредба со големината на компанијата, тоа е судски пораз за поранешниот претседател (2017-2021), кој официјално е кандидат за републиканска номинација за претседателските избори во 2024 година.
-Поротата на судот во Менхетен, која во понеделникот се повлече на советување по повеќе од еден месец судење, „ги прогласи за виновни „Trump Corporation“ и „Trump Payroll Corporation“за виновни по сите 17 точки од обвинението, додаде главниот обвинител Алвин Брег, инаку демократски застапник.
Пресудата ќе биде изречена на 13 јануари 2023 година, соопштија неговите служби.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација