Свет
7. December 2022 - 8:11

Семејната компанија на Трамп прогласена за виновна за проневера и даночна измама пред судот во Менхетен

– Семејната комапнија на Доналд Трамп „Организацијата Трамп“ (Trump Organization), вчера од судот во Менхетен, во Њујорк, беше прогласена за виновна за проневера и даночна измама, по судењето што не го вклучи  и поранешниот републикански претседател, јавија американските медиуми.

-Ова е првпат семејна комапнија, во која се вклучени клубови за голф, луксузни хотели и агенции за недвижности да биде осудена во кривична постапка, изјави главниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, во соопштението за печатот.

Иако на Трамп не му беше судено лично и иако казната беше релативно мала во споредба со големината на компанијата, тоа е судски пораз за поранешниот претседател (2017-2021), кој официјално е кандидат за републиканска номинација за претседателските избори во 2024 година.

-Поротата на судот во Менхетен, која во понеделникот се повлече на советување по повеќе од еден месец судење, „ги прогласи за виновни „Trump Corporation“ и „Trump Payroll Corporation“за виновни по сите 17 точки од обвинението, додаде главниот обвинител Алвин Брег, инаку демократски застапник.

Пресудата ќе биде изречена на 13 јануари 2023 година, соопштија неговите служби.