Свет
22. September 2018 - 19:02

Семејна трагедија во Лас Вегас: Ја убил жената и децата, па си пресудил

Полицијата пронајде четири трупови во една куќа во предградието на Лас Вегас, во американската држава Невада.

Како што јави АП, локалните власти моментално се сомневаат дека се работи за убиство и самоубиство во текот на несогласувања во семејство.

Според зборовите на полицискиот полковник Кирк Мора, изгледа дека маж ја убил сопругата и двете деца, а потоа си го одзел животот.