Свет
22. September 2019 - 19:36

Семејна трагедија во Италија: Во цесна која падна близу Бергамо беше татко со 3 ќерки, потврдено загинато лице

Едно лице денеска загина, а три се повредени во пад на мал авион во близина на италијанскиот град Бергамо.

Несреќата се случила кај еден аероклуб, јавија италијанските медиуми.

Во авионот „цесна“ кој тргнал кон Венеција, се наоѓал маж на возраст од 51 година и неговите три ќерки од кои едната, на возраст од 15 години загинала.