Балкан
16. May 2017 - 13:22

Семејна трагедија: Татко му го дал пиштолот на синот, ќерката се застрелала

Полицијата во Неготин поднесе кривична пријава против Ѓ.З., татко на девојчето Кристина А. (16) кое најверојатно поради невнимание, испукало куршум во својата глава, по што починало во болница.

Несовесниот родител ќе одговара за илегално поседување на оружје, но и предизвикување на општа опасност.

Кристина А. од неготинското село Малајница почина во неделата во општата болница во Бор од прострелна рана нанесена од пиштол „тетеец“ во глава.

Парафинска ракавица

-Во текот е истрага која треба да утврди како дошло до трагедијата. наложено е да се направи парафинска ракавица. Се ќе биде појасно кога ќе се соберат сите докази, велат од полицијата.

-Девојчето во неделата, четири часа по полноќ, примена е во Општата болница во Бор со едвај видливи знаци на живот. Со прегледот е утврдено дека има прострелна рана во главата нанесена со огнено оружје. Лекарите се обиделе да дадат се од себе да го спасат девојчето, кое неколку пати е реанимирано, вели соговорник.

- За жал од здобиените повреди починало во неделата напладне, додава тој.

По оваа трагедија, полицијата ги сослуша родителите на девојчето и нејзиниот брат. Сите поминале на полиграф.

-Таткото раскажа дека на постариот син (17) му дал пиштол за да вежба пукање со сестрата. По само неколку минути, во куќата испаничен се појавил синот и му рекол дека „тетеецот“ пукнал и дека неговата сестра е застрелана. Судејќи по се станува збор за случајна смрт. Истрагата е во тек и се уште не е откриено како куржумот завршил во главата на девојчето. Она што засега е утврдено е дека момчето нема врска со смртта на родената сестра, велат од полицијата.

Телото на несреќното девојче е превезено на Институтот за судска медицина, по што ќе биде погребана.