Балкан
12. March 2017 - 19:59

Семејна трагедија: Татко, мајка и ќерка загинаа во сообраќајка, синчето повредено

Татко, мајка и ќерка загинаа, додека другото дете е тешко повредено утрово во судар на воз и патнички автомобил на железничкиот премин во населбата Станови во Добој, јавија босанските медиуми.

Од полицијата наведуваат дека несреќата се случила утрово околу четири часот.

Дежурниот обвинител на местото на настанот извршил увид со полицијата.

Според неофицијалните сознанија, во патничкиот автомобил имало семејство, а на местото на несреќата загинал таткото, мајката и ќерката, а нивното второ дете е префрлено во болница во Бањалука.