Балкан
15. March 2017 - 20:18

Семејна трагедија: Синот изгоре во пожарот, татко му се спаси

Карло Торнај (32) настрага во пожар кој избил во неговата куќа во селото Качарево кај Панчево.

Во огнената стихија која избила во понеделникот околу 20.15 часот повреден е неговиот татко Карољ (63).

Неофицијално, причината за пожарот се уште е непозната, а истрагата е во тек.

-Во куќата изгорела една соба и во неа се наоѓал несреќниот Карло. Неговиот татко пожарникарите успеале да го извлечат и тој е префрлен на ВМА, каде му се санирани повредите. На среќа, пожарот брзо е локализиран, соопшти од Качарево.

Соседите на семејството раскажаа дека драмата која се одвивала во понеделникот била ужасна.

-Огнот пламтеше, чад имаше од сите страни. Најпрво ги слушнавме кучињата кои лаеја и завиваа, а потоа еден од соседите го виде пожарот и ги повика пожарникарите кои брзо дојдоа, раскажуваат соседите.

Според нивните зборови, таткото и синот веќе неколку години живееле во новоизградената куќа.

-Мајката на Карло починала пред неколку години. Карло бил болникав, но помагал по соседството, додека татко му бил вработен, раскажуваат соседи.