Семејна драма во Волково: Син го давел таткото за врат, па извадил нож
Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставен е Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Телесна повреда од чл.130 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот се товари дека на 14.12.2018 година во семејната куќа во с. Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација