Македонија
14. November 2017 - 13:11

Семејна драма во Скопје: Ја обвинил сопругата дека има љубовник и ја претепал

Рано утрово во 03,50 часот А.Д.(37) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 00,30 часот додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг А.Д.(41), обвинувајќи ја за наводна љубовна врска се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници  по главата и телото.

Откако пријавителката успеала да се ослободи од сопругот си заминала кај нејзините родители, а потоа и пријавила во полиција.

Бидејќи оштетената не се чувствувала добро побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Пријавителката посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала.