Македонија
26. January 2019 - 13:34

Семејна драма во Пробиштип: Го пронашол братот мртов во неговиот дом, веднаш паднал во бесознание

Вчера околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца.

Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.