Македонија
30. September 2019 - 17:05

Семејна драма во Кочани - мажот убиен, жената тешко повредена

Семејна трагедија се случи рано утрово во Кочани. Според официјалните полициски извори, во 5 часот и 20 минути, 30 годишник пријавил во полициската станица дека во семејната куќа на ул. „Климент Охридски“, неговиот 55 годишен татко физички ја нападнал неговата 46 годишна мајка.

-Кога полицијата пристигнала на лице место, го пронашла безживотното тело на 55 годишникот, со убодна рана во пределот на градите. Жената била со тешки телесни повреди и била веднаш пренесена во кочанската болница, а од таму, поради тежината на повредите, во штипската клиничка болница. – стенд ап

Портпаролот на болницата, Марина Шуманска информираше дека жената е хоспитализрана на неврохирургија, со тешки телесни повреди на главата и черепот и мал излив на мозокот. Во моментот е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба. Во текот на денот јавен обвинител и крим екипи од полициската станица вршеа увид на местото на настанот и се уште се чека на извештајот, кој треба да даде одговор кој го извршил убиството, мајката или синот. Затоа и нема официјални информации од СВР- Штип. Неофицијално се шпекулира дека жената во обид да се спаси од нападите го усмртила мажот, но конечниот одговор ќе го даде истрагата.