Балкан
5. May 2017 - 10:12

Семејна драма со трагичен исход: Маж ја уби сопругата и тештата и ја рани ќеркичката (2)

Две жени се убиени во пукање во во селото Турија кај Бујановац, а едно девојче е рането.

Во пукањето, неофицијално маж ја убил својата сопруга и тешта, односно едната починала на самото место, додека другата на пат кон болница.

Девојчето кое е рането синоќа е во стабилна состојба и вон животна опасност и е згрижено на Клиниката за детски болести во Ниш.

Двегодишното девојче е примено во свесна состојба со прострелна рана во меките ткива од десната надлактица и нејзината состојба е стабилна. Во овој момент таа не е животно загрозена.

Неофицијално во инцидентот учествувале неколку лица кои се наошале во автомобил со косовски регистерски таблички.

Увид направи полицијата, а се очекуваат и форензичари од Ниш и Белград.