Македонија
22. November 2016 - 14:19

Семејна драма: Пијан зет и брат го претепале целото семејство на сопругата

Семејна драма се одвивала во штипското село Таринци во 19 часот и 30 минути синоќа. Додека 46-годишната С.А. седела дома со ќерка си М.И. синот и свекрвата, во дворот дошле нејзиниот зет за ќерка А.И. и неговот брат М.И.  од штипско Радање кои биле под дејство на алкохол,. Тие физички го нападнале Д.А. удирајќи го со неколку тупаници во пределот на телото и главата. Подоцна ја нападнале М.А. удирајки ја во пределот на главата, како и С.А.  која била удрена со една тупаница во пределот на слепоочницата по што паднала на бетонот во дворот. Останатите лица кои дошле со А.И. и М.И. ги спречиле да го продолжат нападот, информираат од полицијата.

Од ударите Д.А.и М.А. се здобиле со телесни повреди, а С.А. се здобила со тешка телесна повреда.

На истите им била укажана лекарска помош во Клиничка Болница Штип. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.