Македонија
2. August 2018 - 16:31

Семакедонски собир во Трново

Семакедонско помирување и обединување во одбрана на името и идентитетот, повикаа од  потпелистерското село Трново, Матицата на иселеници од Македонија и Светскиот Македонски конгрес, организатори на 47. семакедонска средба и 38 погранична средба на Македонците од Егејскиот дел од Македонија.

-Македонија не смее да биде заложник на боло кого и во кое било време. Татковинскиот завет мора да го чуваме и исполниме за навек. Матицата е со сите Македонци во отпорот против промена на името, на државата и идентитетот на нацијата,  истакна Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселеници од Македонија.

Претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров побара поништување на одлуката за референдум од Уставниот суд, а ако се спроведе референдумот, повика на бојкот.

-Никој нема право да договара промени на името на државата, кое се состои само од еден единствен збор, Македонија. За нас Македонците, имет на државата не е есамо географија, туку етнологија. Македонците еднаш веќе ги поразија фашистите и нацистите во Втората светска војна, и затоа промената на името и идентитетот нема да го има, истакна Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес.

Од Здружението на Македонците од Егејскиот дел од Македонија се против Договорот со Грција.

-Едногласно кажуваме НЕ, бидејќи сме против овој договор и било каков референдм по однос на ова прашање. Овој договор не е договор на Македонците и македонскиот народ, туку договор на една мала група луѓе, а истото се случува и во Грција, грчкиот народ е против овој договор, истакна Александар Јаневски, претседател на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Се упатија пораки за помирување на македонскиот народ со соседните народи, врз принципот на меѓународното право, односно еднаквата сувереност.