Живот
14. September 2018 - 11:24

Селото кое живее од сушени пиперки и буковец

На север од Лесковац, Србија, со 320 домаќинства или околу 1.300 жители, се наоѓа Доња Локошница, селото кое живее од производство и сушење на пиперки.
 
Таму црвените пиперки се закачени на секоја фасада и тераса, чекајќи да дојде периодот од годината кога ќе бидат претворени во највкусните традиционални балкански зимници.
 
До средината на август, па до крајот на октомври, Доња Локошница е во црвено.
 
 
Во селото се одгледува автохтонa врста на пиперки, која се суши на природен начин, нанижана и се мелe во домашни работилници.