Македонија
10. December 2019 - 10:56

Селото Едрениково доби пречистителна станица

Извршен е технички прием и пробно пуштање во употреба на Пречистителната станица во селото Едрениково, Општина Василево, која е изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Пречистителната станица заедно со неодамна изградената канализациска мрежа претставува функционален систем со капацитет за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во населено место, со што во Едрениково комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата, изјави градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев.

Прeчистената вода ќе се испушта во реката Сушица и ќе ги задоволува физичко-хемиските стандарди за испуштање во површински водотек.