Селма Хајек: Посреќна сум сега, отколку кога бев слаба
Според многумина, една од најубавите глумици на светот, Селма Хајек вели ги сака своите „раскошни облини“ и тврди дека сопственото тело денес го сака многу повеќе, отколку кога била слаба.
На својот Инстаграм, меѓу останатите, сподели фотографија од нејзината младост на која има сосема „тенка“ половина, но тврди дека денес се чувстува подобро од кога било досега.
- Ова беше мојата половина пред да останам бремена, сега веќе не е иста, но мој живот е неспоредливо подобар, вели преубавата Селма, која е преубава и во својата 49 година од животот.
Во бракот со Франсоа Анри Пино, Селма ја има осумгодишната ќерка Валентина, која е убава како нејзината мајка, но има и големо срце.
Познатата глумица неодамна се пофали дека нејзината ќерка пушта коса за да ја донира за изработка на перики за болните од рак, а гордата мајка најмногу блеска кога е во друштво со својата миленичка.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите