Џет-Сет
23. January 2019 - 22:57

Селин Дион најде 15 години помладо момче: Не го испушта од рака, престанаа да се кријат и уживаат во љубовта

Селион Дион веќе подолго време ја бие глас дека повторно пронашла љубов во рацете на 15 години помладиот танчер Пепе Муњоз. Меѓутоа, кога двојката неодамна се појави заедно на една модна ревија не можеа да ги скријат страстите. Гласините одново почнаа да се шират, а тие повеќе не тврдат дека се само пријатели.

На модната недела во Париз многумина ги забележаа како се допираат. Танчерот на пејачката и помогна да го намести деколтето, на што таа воопшто не реагираше.

Видно беа опуштени еден покрај друг. Се што се чека сега е јавна потврда на врската.

Од друга страна, јавноста воопшто не е во шок поради разликата во годините. Селин долго време беше во брак со значајно постариот Рене Анжели. Нивната љубов не беше трубулентна, основаа заедно семејство, а неговата смрт ја многу ја погоди пејачката.

Дали таа пронашла помлад или не, верните фанови од срце и посакуват се, само да не биде осамена. Сепак, иако има 50 години, Селин и ден денес важи за една од најубавите пејачки, а шармантниот танчер, како што пишуваат странските медиуми, многу и прилега.