Живот
22. September 2015 - 18:12

Селфи фотографиите се поопасни од ајкули

Верувале или не, т.н. селфи фотографии станаа поопасни за луѓето и од ајклулите. Дека тоа навистина е така, докажуваат податоците дека ајкулите а во 2015 година убиле осум луѓе, додека поради селфи досега загинаа 12 лица.

Последната жртва на селфи фотографија е Јапонецот Хидето Уеда (66) кој пред неколку дена се лизнал и паднал додека се обидувал да се слика себе си пред Таџ Махал.

Паѓањата се главна причина за смрт при фотографирање, па експертите предупредуваат луѓето да прекинат да зјапаат во мобилните телефони додека се наоѓаат во услови кои би можеле да им го загрозат животот.

Поради тоа модерно зло, при што во суштина луѓето сакаат да соберат што повеќе „лајкови“ на социјалните мрежи, неодамна вработените во Вотертон Кањонот во Денвер мораа да го затворат паркот каде се наоѓаат мечките, затоа што ловците на селфи почнаа да се доближуваат на само неколку метри, а својот бес го изразија и велосипедистите на Тур де Франс, затоа што голем број „генијалци“ со мобилните телефони во рацете ја загрозуваат сопствена и нивната безбедност.