Џет-Сет
9. October 2015 - 10:21

Селена Гомез: Бев на хемотерапија, серковци!

Селена Гомез во најновото издание на „Билборд“ призна дека боледува од лупус - хронична автоимуна болест која делува на внатрешните органи и го напаѓа здравото ткиво. 

- Дијагностициран му е лупус и ја поминав хемотерапијата. Затоа направив пауза. Би можела да добијам мозочен удар, рече Селена, осврнувајќи се и на злобните коментари дека од јавноста се повлекла заради прекинувањето на врската со Џастин Бибер.

- Толку многу сакав да им кажам на луѓето дека незнаат ништо. Бев на хемотерапија, серковци. Се затворив во својата приватност додека повторно не почувствував самодоверба и не се чуствував пријатно во својата кожа, призна пејачката.

Селена заради болеста го откажа австралискиот дел од турнејата „Star Dance“ во јануари 2014 година, но за во мај идната година е најавен стартот на нејзината турнеја со новиот албум „Revival“.