Спорт плус
12. July 2016 - 19:38

Селекторот на одбојкарите Ристоски поднесе оставка

Селекторот на македонската одбојкарска селекција, Жарко Ристоски од денес и официјално не е повеќе на оваа позиција откако си поднесе оставка. Ристоски во исто време информацијата ја проследи до ОФМ, АМС и медиумите. Оставката тој најави и пред почетокот на годинашнпво издание на Европската лига. Ристоски три години беше на селекторската функција и нашата репрезентација во два наврати играше во финалето на ова натпреварување. Тој искажа благодарност до сите, а најмногу до играчите. Успесите на одбојкарите се евидентни последните сезони, а Ристоски истакна дека ова не значи дека засекогаш се повлекува од репрезентацијата. Со оваа новонастаната ситуација, сега јасно е дека раководството на ОФМ во најбраз можен период ќе мора да пронајде ново решение за испразнетата селекторска функција, бидејќи веќе од есен стартуваат квалификациите за ЕП.