Loading Video...
Кошарка
26. јуни 2022 - 20:18

Селекторот Бајиќ побара федерацијата да ги обезбеди најдобрите за следните квалификациски средби

Селекторот на македонската кошаркарска репреазентација Драган Бајиќ се соочува со голем проблем во пресрет на квалификациските дуели за СП 2023 со Украина и Шпанија а тоа е недоаѓањето на најдобрите играчи на репрезентативните натпревари. 

- Од самото мое доаѓање на кормилото на репрезентацијата на Македонија и во оние претквалификации не можам да сметам на најдобрите.  Мислам дека е време да се позанимавеме со тој проблем а соодветни чекори треба да преземе и федерацијата за да можеме во следните квалификациски средби да играме со најдобрите“ изјави селекторот Бајиќ кој на располагање има голем број млади кошаркари со кои ќе ги одигра следните средби. - Се надевам дека ќе го извлечеме максимумот и доколку ни се укаже шанса ќе знаеме да ја искористиме за победа“ смета македонскиот селектор.