Loading Video...
Фудбал
13. November 2018 - 14:44

Селекција на ветерани на град Скопје одигра меч со легендите на Црвена Звезда

Денеска на помошното игралиште на ФК Работнички во Скопје, се одигра ревијален фудбалски натпревар повод одбележувањето на 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, кој беше во организатор на поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. 
 
Иако беа најавени да настапат најголемиот дел од македонските фудбалски легенди од Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Митко Стојкоски, Тони Мицевски, сепак тие беа присутни само во соседното кафуле од кое го следеа мечот меѓу селекцијата на град Скопје и легендите на белградска Црвена Звезда.
 
Од другата страна ветераните на белградските црвено-белите ги предводеше Драган Џаиќ, заедно со Владимир Петровиќ – Пижон, Аќимовиќ и Боровница. 
 
Покрај бројните гости кои ги поздравија ветераните, натпреварот го следеа и поголем број на повозрасни љубители на фудбалот, кои се присетија на убавите денови кога Градскиот стадион во Скопје бил исполнет до последното место на средбите меѓу Вардар и Црвена Звезда во тогашната прва лига на некогашна Југославија.