Македонија
22. March 2019 - 17:06

Села протестираше за „спасувачот“ Алими

Под паролите “Не бараме милост – бараме правда” и “Нема правда - нема мир” илјадници граѓани денеска преку мирен протестен марш низ улиците на Скопје побараа ослободување на Абдулфета Алими, осуден на 7 години затвор поради настаните од 27 април во македонското Собрание.

Протестот почна од плоштадот Скендербег, а заврши пред Кривичниот суд. На чело на демонстрантите, покрај Бурим Алими, синот на осудениот, беа и лидерот на АА Зијадин Села и неговиот сопратиец Арбен Таравари.

Учесниците во протестот истакнаа дека никогаш нема да го прифатат фактот дека обвинетите пратеници за настаните од 27 април се на слобода, а нивниот роднина ќе треба да одлежи седумгодишна казна затвор.

Абдулфета Алими е осуден, дека како дел од собраниското обезбедување не презел ништо за да го спречи влегувањето во Законодавниот дом.  Осуден е на седум години затвор, што претставува најмала казна во однос на другите осудени за истото дело.