Македонија
15. November 2018 - 12:12

”Села може да е веќе аут” - СМС комуникација за „27 април” меѓу Мукоски и пратениците

На денешното рочиште за случајот “27 април” во Кривичниот суд ќе се презентираат смс и вибер пораките на пратеникот Крсто Мукоски, кој ги испраќал дента кога се случи насилниот упад во Собранието.

Најпрвин се презентираше вибер комуникација на група создадена од 48 членови, меѓу кои и пратеникот Мукоски, Јохан Тарчуловски, Васил Пишев, Бети Кузмановска, Емил Димитриев, Миле Јанакиески и други кои разговарале критичниот ден на 27 април.

Разговорот почнува во 17.48 часот. Извесна Марија пишува: “Известени се ОК”.

Цветан Трипуновски пак прашува што се случува во Собрание? На прашањето му одговара пратеникот Јохан Тарчуловски:” Се барни Македонија, удрија душманите. Нема назад!

Васил Пишев пак вели:” Браќа и сестри, нема пуштање ако треба ќе гинеме за Македонија!

Во разговорот се вклучува и Спиро Ристовски кој вели:”Појачање од секаде.

Кон 19.18 часот Александар Атанасов вели дека е многу жешко во салата, а Јанакиески вели :”‘Пред Собрание”.

Тогаш Сашо Лазаровски вели:” Села може да е веќе аут”.

Никој не реагира на напишаното, па Саше Стефановски вели како ништо да не се случило:” 50 возила и автобуси од Битола.

Јанакиески пак заклучува:” Го завземавме просторот”!

 

извор: fokus.mk