Села и Гаши отворени за предлози за Законот за државјанство
Алијанса за Албаниците и Алтернатива, никогаш не изјавиле дека нивниот предлог за Законот за државјанство треба да се земе или остави, истакна претседателот на АА, Зијадин Села, кој што наведе дека на денешната средба со премиерот Зоран Заев, е дискутирано и за предлогот со три сведоци да се дојде до државјанство. Тој додаде дека тие секогаш биле отворени да се најде решение.
– Да, ќе се понуди едно решени кој потворно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – сведителство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по атвоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села.
Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека клучни се две-три теми.
– Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицират (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците. Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение, изјави Гаши.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација