Македонија
19. February 2018 - 11:53

Села го впери погледот во обвинетите: „Викаа еве го Села, ајде да го убиеме“

Зијадин Села денеска дојде во Судот за да сведочи за настаните од Собранието од 27. април, кога тој беше брутално нападнат.

Села го впери погледот кон обвинетите спроти него и рече: - „Еве го Села, ајде да го убиеме. Фрлаа предмети кон мене, немав лично обезбедување. Тука беше само обезбедувањето на Зоран Заев. Ме удрија со монитор и копје од знаме. Фрлаа даски и други предмети. Последно што паметам беше кога паднав на колена и ме удираа со раце и нозе по главата и телото", сведочеше Села, пренесе МКД.Мк.

На прашањето дали некој го бранел, Села вели,  ако некој го бранел ќе бил испратен од Собранието со цвеќе и аплауз, а не со тешки повреди.