Секулов: Нема ништо незаконско во средбата на синот на Трамп и Русите | Сител Телевизија
Свет
17. July 2017 - 11:54

Секулов: Нема ништо незаконско во средбата на синот на Трамп и Русите

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Јан Секулов, изјави дека не постои ништо незаконско во средбата на најстариот син на Трамп, Доналд Трамп Џуниор и група Руси, одржана за време на минатогодишната кампања за претседателските избори во САД.

- Ништо на тој состанок, дури и да бил на тема за опозициската истражувачка работа на рускиот адвокат, не е незаконско, нагласи Секулов. 

Тој наведе дека претседателот Трамп не присуствувал на тој состанок и не бил информиран за него, како и за ниту еден друг состанок со русики претставници.