Фудбал
19. јуни 2017 - 10:07

Секулов му донесе нов трофеј на Јувентус

Големиот талент на македонскиот фудбал Никола Секулов  освои нов трофеј со генерацијата фудбалери на ФК Јувентус до 15 години со победата над Парма од 2-1. 

Секулов постигна гол и беше асистент за победоносниот погодок во 36-та минута. 
Пред три дена Јуве ја освои и титулата. 
Секулов е репрезентативец на Македонија до 15 години а минатата сезона играше токму во дресот на Парма.