Македонија
24. November 2021 - 19:32

Секторот за професионална одговорност на Царинска управа проверува како излегол автобусот на „Беса транс“ од државава

Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на Граничниот премин Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез од државава на автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредни во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, информира Царинската управа.

-Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин. За наодите од контролата јавноста  ќе биде навремено информирана, соопшти Царинската управа.