Македонија
2. October 2021 - 21:34

Сексуална едукација или психолошки трауми

Да се заштити идентитетот на децата учесници во извидничкиот камп каде се одржувале сексуални активности и да им се обезбеди соодветна психолошка помош, советуваат стручните лица.
Психотерапевтите велат и дека мора да се делува превентивно за во иднина да не се повторат слични случаи, што може сериозно да им наштетат на малолетниците.

Социолозите стравуваат дека учесниците може да имаат сериозни последици и затоа бараат ваков тип на едукација да го прават само стручни лица. Апелираат до надлежните да го расчистат случајот, да се најдат одговорните и соодветно да се казнат.

Психолозите советуваат да се внимава кому се доверуваат децата, бидејќи тие се сèуште на возраст кога не можат да разграничат што е игра, а што реалност.

Експертите велат дека секое дете различно ги доживува ваквите ситуации. За некои ќе биде лесно да се справат со тоа што се случило во извидничкиот камп, но за некои ќе биде потребно многу време за да ја надминат траумата.